Вардар овој викенд го очекува фајнал-фор турнирот во Келн каде што во полуфиналето ќе игра тимот на Монпелје.
На два дена пред почетокот на турнирот своја прогноза даде сегашниот селектор на Словенија и поранешен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ кој смета дека црвено-црните ќе ја одбранат титулата освоена минатата година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека според она што Вардар го покажа може да биде еден од ретките клубови што ја одбраниле титулата шампион на Европа. Тоа е навистина тежок подвиг. Натпреварувањето е напорно, има многу тешки натпревари, долго се игра…Вардар според мое мислење е во подобра позиција од Монпелје кој изгуби пред неколку дена во француската лига. Имаа шанса да победат и да ја освојат титулата, но направија кикс и веројатно ја изгубија титулата“, смета Вујовиќ.
Вардар натпреварот против Монпелје го игра во сабота со почеток од 18:00 часот.