На Вардар добро му оди на почетокот на сезоната во првенството и Лигата на шампионите, па тренерот Веселин Вујовиќ секако има од што да биде задоволен.
Вујовиќ зборуваше на неколку теми во гостувањето во „Бекстејџ“ и уште еднаш потенцираше дека Вардар за него е нешто посебно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога треба да се вратиш дома, не треба специјална покана, но поканата од Михајло Михајловски никогаш не се одбива, ние имаме еден роднински односн, а не работен или тренерски. Таа емоција која ја носат навивачите „Комити“, комплетните навивачи, луѓето во Скопје…Не ми беше важна финансиската состојба, ми беше важно да дојдам тука, повторно да ја почувствувам целата енергија и благодарение на Бог се добро оди“.
„Немаме пораз, ниту во домашното првенство, ниту во Лигата на шампионите, иако имавме тешки противници, како секој тренер победник потајно верував дека можеме да ги оствариме тие резултати, искрено не бев 100% сигурен дека тоа може да се случи. Во еден убав момент сме, но тоа лесно се менува, одигравме само три кола. Добрите резултати секогаш носат и добра атмосфера, кога ќе дојдат лоши моменти тогаш се гледа силата на на играчите, екипата и тренерот. Јас се надевам дека нема да имаме такви тестирања и ќе продолжиме со добрите резултати“.
Би сакал повторно да ги види поранешните играчи во дресот на Вардар.
„Не само Карачиќ. Кристопас, Цинидриќ, Душебаев…Сите тие играчи би сакал повторно да ги видам тука, но невозможно е да ги вратиме и повторно да ја направиме таа екипа. Доколку успееме да го вратиме Карачиќ тоа за мене би било неверојатно, би го кренал клубот, но тоа не е реална опција за сега.
ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА ВУЈОВИЌ ЗА „БЕКСТЕЈЏ“