Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ пред ПИК Сегед: Катастрофална е ситуацијата со здравствениот билтен

Вујовиќ пред ПИК Сегед: Катастрофална е ситуацијата со здравствениот билтен

Стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ се пожали дека има проблеми со ростерот за натпреварот од Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар во четврток го чека нов дуел со ПИК Сегед откако на средбата минатата недела беше поразен на гостински терен. Вујовиќ знае дека тимот го чека тешка задача.

„Нашата ситуација во овој момент со здравствениот билтен е катастрофална. Дибиров има вироза, прима инфузии и не знаеме дали ќе биде спремен. Мишевски и Куни имаа судир и двајцата се во аут. Тото исто така е повреден, Кудуз и Столе се неизвесни“.

Сепак потенцира Вујовиќ дека ова е натпревар кој треба да се добие.

„За моите критериуми, за критериумите на јавноста недозволиво е да имате пет порази во низа. Мораме да одиграме цврсто и со малку голови, тоаќ е ни одговара“, изјави Вујовиќ.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…