Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Одиме на победа, ако калкулираме, нема да успееме

Вујовиќ: Одиме на победа, ако калкулираме, нема да успееме

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, изјави дека нема да калкулира и ќе оди на победа на гостувањето кај Загреб во четвртфиналето од СЕХА лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардар има предност од четири гола од првиот меч, но Вујовиќ смета дека ако „црвено-црните“ ја бранат предноста нема да успеат.

„Сигурно не очекува тежок натпревар. Ако калкулираме, ако ги браниме четирите голови предност од Скопје нема да поминеме. Ние треба да одиме на победа, па и да изгубиме минимално не е страшно. Загреб нема така лесно да се откаже од Фајнал фор во Задар и да нема ниту една хрватска екипа таму. Значи имаат свои мотиви“.

„Јас би сакал Вардар да оди на завршниот турнир, да остане тој кој од основањето на СЕХА-лигата е на Фајнл фор. Секако тоа ќе зависи од многу фактори, судиите, публиката, факторот среќа. Шансите се на наша страна, имаме сериозна предност, па ќе видиме на терен“, изјави Вујовиќ.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …