Дома Македонски спорт Мак баскет Втор меморијален меѓународен турнир „Драган Василов – Цевка“

Втор меморијален меѓународен турнир „Драган Василов – Цевка“

Oд 15. до 18. септември во Скопје ќе се одржи нов собир во чест на еден од најпознатите македонски стручњаци во млади категории.

Турнирот е предвиден за кошаркари родени 2008 година и помлади, а годинава ќе учествуваат осум екипи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Македонија ќе играат Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, а гости се Балкан од Бугарија, Игокеа од БиХ, Будуќност од Црна Гора, Цедевита од Хрватска, како и Црвена Звезда и Триумф од Србија. Минатата сезона трофејот го освои словенечкиот клуб Слован.

Меморијалниот турнир кој е предвиден да се одигра во периодот од 15. до 18. септември, е во спомен на еден од најпознатите и најтрофејни македонски стручњаци во младинска конкуренција Драган Василов – Цевка кој почина во август 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…