Дома Трансфер зона Врсаљко на прегледи, а фановите мислат на Модриќ, па му поставија директно прашање!

Врсаљко на прегледи, а фановите мислат на Модриќ, па му поставија директно прашање!

vrsaljko

Шиме Врсаљко после две години се враќа во Италија, Хрватот го напушти Атлетико и ќе го носи дресот на Интер.

Врсаљко вчера вечер пред полноќ пристигна во Милано, а денес ги поминува редовните медицински прелгеди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму во денот кога Врсаљко пристигна во Милан се појави и една сензационалната вест – Интер преговара со Лука Модриќ!

Ваквата информација ја пренесе Џанлука Ди Марцио, кој тврди дека подолго време се обидувал да открие на кој голем трансфер работи управата на „нероаѕурите“ (освен Видал и Врсаљко).

При пристигнувањето на местото каде што беше предвидено да се поминат медицинските прегледи, очекувано беа собрани голем број фанови.

Еден од навивачите имаше и интересно прашање за Врсаљко: Ќе ни го доведеш ли и Модриќ?

На ваквото прашање Врсаљко одговори само со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…