Дома Трансфер зона Време беше: Тотенхем руши рекорди со новото засилување!

Време беше: Тотенхем руши рекорди со новото засилување!

Тотенхем нема донесено ново засилување од јануари 2018 година, кога за 23 милиони фунти го купи Лукас Моура.

Иако без ниту едно засилување „спарси“ играат одлична сезона и успеаа да постигнат историски успех со пласманот во финалето од Лигата на шампиони.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, ова лето сигурно треба да се очекуваат неколку големи засилувања, а едно од нив би можел да биде Џовани ло Селсо од Бетис.

Ло Селсо одигра фантастична сезона во Примера како позајмен фудбалер од ПСЖ, па Бетис ја искористи опцијата за негов откуп.

Тоа може да биде и проблем за Тотенхем бидејќи играчот за врска во својот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека „спарси“ се спремни да ги соборат сите клупски трансфер рекорди и да понудат 60 милиони евра за Аргентинецот.

23-годишниот Ло Селсо може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а оваа сезона постигна 16 гола и запиша 6 асистенции за Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…