Дома Фудбал Трансфер вреден 60 милиони евра: Ло Селсо пристигна во Лондон

Трансфер вреден 60 милиони евра: Ло Селсо пристигна во Лондон

Челниците на Тотенхем, според пишувањата на британските медиуми, договорија уште едно засилување.

Спарси во новата сезона влегува со високи амбиции и последните денови вредно работи на засилување на играчкиот кадар. Се преговара со неколку имиња, а според информациите од Островот, се е договорено со Џовани Ло Селсо.

Во прашање е аргентински фудбалер кој претходната сезона ја помина во Бетис во чиј дрес ја докажа својата класа. Како играч од средниот ред постигна пет погодоци во седум натпревари во Лига Европа, а во Ла Лига девет пати се запиша меѓу стрелците, што на крајот не остана незабележен од тренерот Маурисио Покетино.

Ло Селсо наводно веќе ја напуштил екипата на Бетис и веќе допатувал во Лондон на лекарски прегледи, а за неговиот играчки картон Спарси ќе платат 60 милиони евра.

Со овој трансфер Бетис можат да бидат задоволни со оглед на тоа дека пред три месеци го откупија Ло Селсо од ПСЖ за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо го избра Гарсија: Поранешниот играч на Барселона доаѓа да ја запре кризата

Оскар Гарсија ја презема загрепската екипа со пет сениорски трофеи зад себе и задача да го…