Дома Трансфер зона Времето истекува: ПСЖ до сабота мора да продадат играчи

Времето истекува: ПСЖ до сабота мора да продадат играчи

Францускиот првак ПСЖ до сабота мора да пронајде начин да инкасира 25 милиони евра од продажба на играчи, инаку ќе биде казнет од страна на УЕФА за кршење на финансискиот фер-плеј.

ПСЖ од Европската фудбалска федерација доби јасна порака пред неколку недели. Мора да ја стабилизираат потрошувачката и продажбата, па им е наредено до крајот на месецот да продадат фудбалери во износ поголем од 60 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За сега францускиот првак продаде двајца фудбалери. Хавиер Пасторе премина во Рома за 25 милиони евра, а договорен е и трансфер на Едуардо во Селтик за 10 милиони евра.

Рокот за исполнување на обврските е сабота. Постојат неколку опции за продажба, а најблиску до заминување се Јури Берчиче кој е пред трансфер во Билбао и гонзало Гуедес кој веројатно ќе го засили тимот на Валенсија.

Меѓутоа, овие трансфери се уште не се реализирани. До сабота Парижаните едноставно мора да ја завршат работата за да избегнат казна од Европската куќа на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…