Oдличните настапи во дресот на Јувентус му овозможија на Пол Погба да стане најскапо засилување во историјата на Манчестер Јунајтед (105 милиони евра).
Меѓутоа на „Олд Трафорд“ не му оди најдобро. Неговите односи со клубот, навивачите и медиумите во Англија се констатно затегнати, па нема да биде изненадување ако го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе од поодамна се шпекулира дека Јувентус е заинтересиран да го врати Погба во своите редови, но медиумите пишуваат и дека „Старата дама“ во овој момент не е спремна да издвои толкава сума за да го реализира трансферот на францускиот играч за врска.
Меѓутоа „Газета дело Спорт“ тврди дека во Јувентус спремаат „трансфер пакет“ за Погба.
Наводно во Јувентус можат да понудат одредена сума за Погба и еден играч. Во Торино се уште не одлучиле кој би можел да биде тоа, но се шпекулира дека Јунајтед ќе може да бира еден од Алекс Сандро, Даглас Коста и Паоло Дибала.
Вредноста на трансферот би надминала 100 милиони евра, а со оглед дека целата вредност нема да биде во пари Јувентус повеќе сака ваква зделка.
Погба помина четири години во Јувентус и често пати го посетува Торино и остана во контакт со поранешните соиграчи. Минатиот месец тој беше дел од забавата во Торино по повод пензионирањето на Андреа Брзаљи.