Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов игра одлично во дресот на Шалке кој сигурно чекори кон враќање во Бундеслигата.
Шалке е лидер во Цвајт и се наоѓа во пол-позиција за директна промоција и кам-бек помеѓу најсилните германски клубови. Чурлинов игра на позајмица во Гелзенкирхен, а неговиот агент Мехмет Есер порача дека Чурлинов е среќен, но дали тој ќе остане во Шалке ќе се прашува и Штутгарт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На Дарко му е убаво во Штутгарт и го сака клубот, сака да остане. Ние го почитуваме и тоа што тој има уште две сезони од договорот со Штутгарт“, изјави Есер.
Од Чурлинов е задоволен и тренерот Мајк Бусенс.
„Добро знаеме што имаме со Дарко како играч, тој е емотивен и понекогаш луд играч кој знае да направи разлика. Го сака клубот и покрај тоа што тука е само десет месеци“, изјави Бусенс.
Во дресот на Шалке Чурлинов одигра 1.151 минути, постигна два гола и подели уште четири асистенции, а имаше учество и во уште неколку гола на германскиот тим.