Дома Видео Во хотелот на италијанската репрезентација не е досадно, во главна улога Инсиње

Во хотелот на италијанската репрезентација не е досадно, во главна улога Инсиње

Зад нас е групната фаза на ЕП каде учествуваше и нашата селекција.

Со сигурност не очекуваат големи возбудувања во осминафиналето кое ни донесува неколку интересни натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓу репрезентациите кои до сега најмногу покажаа е Италија. Аѕурите во групата А завршија со три победи во исто толку одиграни натпревари со гол разлика од 7:0.

Италијанците заедно со Англија се единствените селекции кои не примија погодок во групната фаза, а прилика за продолжување на серијата ќе имаат во осминафиналните натпревари.

Дека во репрезентацијата на Италија владее фантастична атмосфера сведочи и едно видео кое е објавено на совијалните мрежи. На него се гледа како Инсиње на подот го чека Имобиле да излезе од собата и да го исплаши.

Напаѓачот на Лацио наседна на овој трик и судејќи според реакцијата прилично се исплаши кога го виде Инсиње.

Натпреварот помеѓу Италија и Австрија се игра утре со почеток од 21 часот на Вембли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…