Дома Фудбал Во Холандија се спрема нешто невидено до сега: Два клуба ќе бидат шампиони?!

Во Холандија се спрема нешто невидено до сега: Два клуба ќе бидат шампиони?!

Oткако вчера холандскиот премиер Марк Руте објави дека нема да има спорт до 1. септември стана јасно дека Ередизвија нема да може да се заврши.

Спортот во Холандија првобитно беше стопиран до 1. јуни, но таа суспензија сега е продолжена на уште три месеци. По ваквата одлука се постави прашањето каква ќе биде одлуката на фудбалската федерација – кој ќе биде шампион?

Ајакс и АЗ имаат ист број бодови (56), ист број на бодови, нерешени и порази (18-2-5), Ајакс е во подобра позиција само поради подобрата гол разлика (68-23, 54-17). Според правилата во Холандија, Ајакс би бил шампион, но ова е вонредна ситуација.

Медиумите во Холандија сметаат дека не би било во ред АЗ да остане со празни раце, посебно затоа што во текот на сезоната два пати го победи клубот од Амстердам. На девет кола пред крајот, АЗ пред прекинот беше во супер форма, додека Ајакс беше во пад.

Одлуката ќе биде донесена во петок, а се шпекулира дека постои можност титула да биде доделена и на едните и на другите што би бил вистински парадокс во светот на фудбалот. Но, со оглед на се што се случува во овој период, повеќе ништо не би не изненадило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…