Дома Фудбал Италија Во Рома го слават денот кога на Челси му кажаа – НЕ

Во Рома го слават денот кога на Челси му кажаа – НЕ

Директорот на Рома Умберто Гандини признава дека е многу важно што клубот успеал да го задржи Един Џеко.

Џеко беше блиску до трансфер во Челси во јануари, но на крајот сепак одлучи да остане во Рома, што подоцна ќе се покаже како најдобрата можна работа која и се случила на Рома.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Един со своите погодоци против Шахтјор ја однесе Рома во четврфиналето на ЛШ.

„Џеко беше многу важен за Рома. Постоеше можност да замине, ја проценивме ситуацијата, но на крајот одлучивме дека е најдобро да продолжиме заедно.“ – рече Гандини и додаде:

„Тој е важен играч за нашата игра, дури и кога не постигнува голови среќни сме со него. Продажба? Нема смисла сега повеќе да разговараме за тоа. Ова е важна фаза од сезоната.“

Џеко во дресот на Рома оваа сезона на 37 натпревари постигна 17 погодоци, од кои 13 во Серија А и 4 во Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…