Дома Фудбал „Во Реал веќе и Маријано Дијаз е пред Јовиќ“

„Во Реал веќе и Маријано Дијаз е пред Јовиќ“

Шпанска „Марка“ пишува дека последниот натпревар на Реал е доказ дека Лука Јовиќ повеќе не е ниту втор напаѓач кај Зидан.

Имено, во поразот од 4:1 од Валенсија, Маријано Диаз влезе во игра од клупата пред Јовиќ, ситуација која беше изненадувачка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во неделата Маријано Диаз ги запиша првите минути во првенството. Во 14 минути поминати на теренот, Диаз покажа желба да направи разлика. Три пати шутираше, освои три топки и ги доби сите дуели во кои влезе“, пишува „Марка“.

Јовиќ никако не успева да се снајде во Реал откако летото 2019 година од Ајнтрхат премина во таборот на „кралевите“ за 60 милиони евра. Оваа сезона српскиот напаѓач настапи на пет натпревари и се уште нема гол или асистенција. Вкупно за Реал одигра 32 натпревари постигна два гола и два пати асистираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…