Ќе се најде ли некој кој ќе ја плати оваа сума?
Како што пишуваат италијанските медиуми, Наполи ја одредил цената за Лоренцо Инсиње.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис во претходниот период истакнуваше дека напаѓачот не е на продажба, но изгледа дека тоа се промени.
Инсиње наводно станал незадоволен поради тоа што Наполи никако не успева да стигне до трофеј, а чуствува и дополнителен притисок во клубот откако ја наследи капитенската лента од Марек Хамшик.
Поради сето тоа во Наполи поставиле цена за еден од своите најдобри играчи.
Имено, се верува дека Де Лаурентис и управата на клубот од „Сан Паоло“ би се согласиле на понуда од 100 милиони евра за услугите на италијанскиот репрезентативец.
Во игра според информациите на „Чизмата“ се три клуба – Манчестер Сити, Ливерпул и Пари Сен Жермен. Иако сумата е голема се пишува дека еден од овие клубови би можела да ја плати споменатата сума од 100 милиони евра.
Останува да видиме кој ќе стигне до потписот на Инсиње ако навистина Италијанецот се одлучил да замине од Неапол.
Инсиње ако сепак се реши да остане во Наполи може да израсне во вистинска икона на клубот бидејќи целата своја кариера со исклучок на три позајмици ја помина во Неапол. Член на малдинските категории беше од 2006 година, а шанса во првиот тим на Наполи доби во 2010 година.
https://www.youtube.com/watch?v=i3ThL5aw71E