Дома Фудбал Англија Во Манчестер Сити биле сериозно загрижени пред натпреварот против Реал Мадрид

Во Манчестер Сити биле сериозно загрижени пред натпреварот против Реал Мадрид

Отсуството на Кевин де Брујн на „Сантијаго Бернабеу“ загрижи многу навивачи на Сити, а без него на теренот „граѓаните“ одиграа 3:3.

Белгиецот пред овој натпревар имал сериозни стомачни проблеми, поточно тешко гадење и повраќање во соблекувалната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Најверојатно проблемот настанал поради одредена храна во хотелот каде што биле сместени. Гостите од Манчестер поради биле загрижени дека белгискиот репрезентативец нема да биде единствениот со таков проблем, пишува „Дејли Стар“.

Труење на некој од стандрдните првотимици на Сити би било вистински „пекол“ за Пеп Гвардиола, пред средбата со Лутон во Премиер лигата, па реваншот со Реал на „Етихад“. Тие потоа имаат дуел со Челзи во полуфиналето од ФА Купот на „Вембли“.

Со оглед на тоа дека Де Брујн беше изолиран случај и дека веќе се врати на тренинзите, засега изгледа дека нема да се соочат со таков проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…