На Ливерпул одлично му оди во Премиер лигата, но наводно Германецот сака „подолга“ клупа за со сигурност да ја издржи трката со Манчестер Сити за титулата шампион на Англија.
Англиските медиуми не сакаат да се доведат во ситуација поради евентуални повреди на некој од офанзивните фудбалери да бидат елиминирани од трката за титулата, па во јануари ќе се обидат да доведат големо засилување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Такво големо засилување сигурно би бил Лоренцо Инсиње. Одличниот офанзивец се наоѓа на мета на Ливерпул за зимскиот преоден рок.
Јирген Клоп и претходно се обидуваше да го доведе Инсиње, но немаше преголем успех. Сепак, сега се шпекулира дека на „Енфилд“ се спрема астрономска понуда за репрезентативецот на Италија.
Сигурно дека токму таква понуда ќе биде потребна за Аурелио Де Лаурентис да се откаже од услугите на Инсиње.
Инсиње оваа сезона одигра 15 натпревари во Серија А, постигна седум погодоци и запиша пет асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=i3ThL5aw71E