Дома Фудбал Во Ливерпул ништо не препуштаат на случајноста!

Во Ливерпул ништо не препуштаат на случајноста!

Тимот на Ливерпул оваа сезона има големи проблеми со повредите, а еден од фудбалерите кој некое време беше надвор од терените е Садио Мане.

Садио Мане оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, но поради повредата не се наигра оваа сезона.

Сега во Ливерпул не сакаат ништо да препуштат на случајноста.

Мане на репрезентативната должност за Сенегал тргна заедно со клупскиот физиотерапевт, Скот Меколи.

Сенегал го очекува натпревар против Јужна Африка, а Меколи тргна заедно со него за да се увери дека Мане работи на вистински начин и на тренинзите на репрезентацијата на Сенегал.

На оваа репрезентација потребни и се два бода во последните два натпревари во квалификациите за да се пласира на Светското првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-сензација: Флитвуд го исфрли Арсенал на пенали!

Четвртолигашот му приреди горчлива вечер на Арсенал: ниту голот на Ѓокереш не беше доволен…