Дома Фудбал Англија Во Кристал Палас зачудени што немале доволно понуди за фудбалерот кој со Англија беше на ЕП

Во Кристал Палас зачудени што немале доволно понуди за фудбалерот кој со Англија беше на ЕП

Ебречи Езе остана во редовите на Кристал Палас по летниот преоден рок, а за првиот човек на премиерлигашот Стив Периш е чудно што ниту еден голем клуб не тргна посериозно по неговиот потпис.

И покрај тоа што се мачеше со повредите Езе имаше солидна сезона во која запиша 11 гола и подели шест асистенции на 31 натпревар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со таквите настапи доби и повик за Европското првенство.

„Навистина бев загрижен дека летово ќе остане без Олисе и Езе. Но за Езе немаше интерес како што очекував и тоа навистина ме чуди. Станува збор за неверојатен играч и фантастична личност, тој би бил подарок за било кој клуб“, изјави Периш.

Ќе потсетиме Олисе направи трансфер во редовите на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …