Дома Топ вести Во Каталонија тврдат: Таткото на Нејмар резервира билет за Париз

Во Каталонија тврдат: Таткото на Нејмар резервира билет за Париз

Многумина со неверување ја прифатија веста на „Марка“ која обијави дека Пари Сент Жермен е спремен да го собори светскиот рекорд со купување на ѕвездата на Барселона, Нејмар.

Некои и понтаму не можат да поверуваат во оваа вест, но денес пристигна и потврда од каталоснките медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, „Радио Каталонија“ објави ексклузувна информација дека таткото на Нејмар резервирал авионски билет и дека денес ќе лета за Париз со цел да се состане со челниците на ПСЖ.

И тоа не е прв пат Нејмар да Силва да седне во авион и да преговара со други клубови. Слично нешто правеше и со Реал и ПСЖ минатата година, но како резултат на тоа успеа да издејствува многу побогат договор за неговиот син на „Камп Ноу“.

Бразилецот има откупна клаузула од 222 милиони евра, а францускиот гигант наводно е спремен да ја активира. Доколку тоа се случи тогаш сигурно ќе бидеме сведоци на најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Останува да видиме како ќе се заврши целата ситуација, но каде што има чад има и оган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…