Играта на Манчестер Јунајтед доби нова димензија од кога местото на Мурињо го презема Солскјер.
Со Норвежанецот на клупата Црвените ѓаволи играат брилијантно и сега се во реална трка за пласман во ЛШ. Јунајтед победи на 10 од 11 натпревари со Солскјер, а искусниот Ешли Јанг е воодушевен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во еден момент помислив дека се вратил Сер Алекс Фергусон. Солскјер точно знае што значи да бидеш дел од Манчестер Јунајтед. Им пренесе на играчите сето она што тогаш на него и неговите играчи им го пренесуваше Алекс.“ – изјави Јанг.
33-годишниот Јанг пред неколку дена потпиша нов договор со Јунајтед. Оваа сезона во 25 настапи постигна еден гол и запиша три асистенции.