Репрезентацијата на Бразил е единствената која учествувала на секо Светско првенство во историјата.
Сепак, во квалификациите за Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико не стојат баш најдобро. Иако во моментов се на позиција која ги води на натпреварувањето не се на сигурна бодовна разика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа јавноста во оваа земја е загружена пред гостувањето во Парагвај. Но, бразилскиот селектор Доривал Жуниор даде прилично самоуверена изјава.
„Пласман на СП? Не грижетете се…слободно запаметете ми ги зборовите – ние ќе играме финале на Светското првенство во 2026 година, сигурен сум во тоа“, изјави Доривал.
Доривал селектор на Бразил станаа оваа година, а претходно водеше клубови само од неговата татковина како: Сао Паоло, Фламенго, Флуминенсе, Сантос и Палмеирас.