Дома Фудбал Во Борусија бесни: Неверојатно е какви пенали судат против нас!

Во Борусија бесни: Неверојатно е какви пенали судат против нас!

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс изрази незадоволство на одлуката на судиите да досудат пенал за ПСВ во вчерашниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите кој заврши без победник 1:1.

Борусија имаше предност, но домаќините стигнаа до изедначување со кое си обезбедија нешто подобра ситуација пред ревнапот.

Дефанзивецот на „милионерите“, Матс Хумелс не се согласува со одлуката на арбитрите да покажат на белата точка.

„Каков пенал против нас! Повторно! Не ми се верува дека има вакви одлуки, претходно слично беше против Челзи и ПСЖ. Неверојатно е ова во време на ВАР“, изјави Хумелс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џеко чека историски гол, Курањи предупредува: Годините си го прават своето

Шалке тешко доаѓа до голови, а улогата на 40-годишниот Един Џеко е под лупа. Курањи ги пос…