Дома Фудбал Во Барселона не сакаат младите фудбалери да слават како Роналдо

Во Барселона не сакаат младите фудбалери да слават како Роналдо

Mладиот играч на Барселона Фермин Лопез се најде во центарот на вниманието после натпреварот за јуниорскиот тим на каталонскиот клуб.

Јуниорите на Барселона на последниот натпревар ја победија Корнеља со 3:2, еден од хероите на тимот беше 18-годишниот Лопез кој постигна гол со ножички. Лопез во 33. минута погоди на фантастичен начин со „ножички“ за 1:1. Ситуацијата поради која се најде во центарот на вниманието е неговата прослава на голот.

Тој славеше во стилот на Кристијано Роналдо, па дури го извика и познатот „сиууу“.

Тоа на Барселона не и се допадна, а доказ за тоа е видеото на каналите на социјалните мрежи каде што прославата е исечена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…