Дома Фудбал Лига на шампиони Во Ајакс бесни: Како е можно судијата да ни исклучи два играчи во еден напад!?

Во Ајакс бесни: Како е можно судијата да ни исклучи два играчи во еден напад!?

Фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ не го криеше незадоволството од одлуките кои ги носеше судијата Џанлука Роки после ремито со Челзи (4:4) во четвртото коло од групата Х во Лигата на шампионите.

Ајакс во Лондон водеше со 1:4 после еден час игра, но потоа Роки во еден напад ги исклучи Дејли Блинд и Жоел Велтман и ги остави Холанѓаните со деветмина на теренот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да објасниме. Прво Блинд стартуваше над еден фудбалер на Челзи, но Роки дозволи предност, во продолжение од акцијата во шеснаесетиник Велтман играше со рака и досуден беше пенал. Роки потоа на Блинд му покажа втор жолт за стартот, додека Велтман исто така доби втор жолт картон поради играта со рака.

Тоа Челзи го искроисти и на крајот дојде до бод.

„Мораме да бидеме бесни поради ова. Се држевме под контрола. Не разбирам како може да ни бидат исклучени два играчи во еден напад. Не разбирам“, беснееше Тадиќ.

Тадиќ беше запрашан и дали доживеал нешто слично во кариерата.

„Не, никогаш. Морам да ги погледнам двете ситуации, но не можам да се сложам со двата црвени картони во една акција. Натпреварот доби целосно поинаков тек. Можеме да бидеме горди на себе. Фудбал не може да се игра со деветмина. Имавме се во свои раце и бевме подобри, требаше да победиме вечерва“, порача српскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …