Натпреварот од ФА Купот помеѓу Врехам и Шефилд викендов се најде во центарот на вниманието поради еден интересен и необичен момент.
Главниот судија на натпреварот Вајтсоун во 71. минута на фудбалерот Даниел Џејбисон му покажа црвен картон но во форма на круг. По натпреварот тој објасни зошто не му покажал црвен картон на каков што сме навикнати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првотимецот на Шефилд бил изненаден, а исто така и гледачите на трибините и пред малите екрани не знаеа што се случува.
Сепак, треба да се знае дека ваквите картони во Англија се воведоа уште во 1997 година, но не се користеа, па сите ги заборавија. Причината поради која се воведени е поради играчите кои не можеле да ги разликуваат боите, па по обликот сфаќале дали се работи за жолт или црвен картон. Црвениот во таква ситуација е во круг, а жолтиот во облик на коцка.
the circular red “card” will never fail to crack me up pic.twitter.com/OGItjYl4gh
— brandon (@arsenalistrator) January 29, 2023