Бојан Миовски можеше одново да биде херој на Абердин, но ВАР не дозволи.
Абердин во вчерашниот натпревар се врати од 0:3 до 3:3, а Миовски ја затресе мрежата за 4:3. Сепак, судиите реагираа и го поништија голот поради недозволена позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На повторената снимка изгледаше дека ситуацијата е регуларна, но изненадувањето пристигна кога се нацртаа линиите.
По натпреварот, тренерот на Абердин, Нил Ворнок отворено зборуваше за оваа судиска одлука.
„Ги видов линиите и не можам да разберам кој ги нацрта. Никој не може да ме убеди дека голот на Миовски е офсајд“, изјави Ворнок.