Одлуката 12 европски гигнати да формираат нова Суперлига предизвика бура на реакции во фудбалска Европа.
УЕФА веднаш реагираше и се закани со исфрлање на овие клубови од националните првенства и забрана нивните играчи да играат во репрезентациите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалскиот свет смета дека ова е „игра на богатите“ кои само сакаат да го зголемат профитот.
Меѓутоа, големите клубови влегоја во тотална „војна“ против кровната организација и сметаат дека УЕФА само профитира на нивна сметка.
Последните информации се дека Суперлигата ќе инвестира 10 милијарди евра во фудбалот во следите 23 години, односно 434 милиони евра годишно. Тие пари ќе бидат за развој на фудбалот во сиромашни земји, младинските категории и женскиот фудбал.
Тоа е три пати повеќе од парите што ги обезбедува УЕФА, која годишно за истите цели издвојува 160 милиони евра.
Со ова паѓаат во вода обвинувањата дека целта на клубовите е само профит и ништо друго.
Con questa mossa viene demolita la principale accusa indirizzata nei confronti dei 12: molti € verranno utilizzati a scopo solidaristico. Ben più di quanto si fa oggi. Confermata quindi anche la tesi difensiva che avevo ipotizzato all'interno dell'articolo 💪 #SuperLeague 🔴⚫
— Felix (@FeliceRaimondo) April 19, 2021