Tимот на Голден Стејт славеше против Далас со убедливи 112:87 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Предноста на Вориорси запична да расте во првата четвртина кога водеа со 10 разлика, а во продолжение со сигурна игра и ја зголемуваа. Една од главните причини што Вориорси успеаа да го добијат овој натпревар е што успеаа да го запрат Лука Дончиќ.




Лука Дончиќ постигна „само“ 20 поени што за неговите стандарди и не е многу, останатите не можеа да ја преземат неговата улога. На спротивната страна Стеф Кари постигна 21 поени и додаде уште 12 скока, додека Ендрју Вигинс уфрли 19 поени.



