Дома Македонски спорт Волканоски нокаутиран во прва рунда: Поразот ме боли🎥

Волканоски нокаутиран во прва рунда: Поразот ме боли🎥

Александар Волкановски, кој се бори под знамето на Австралија, а има македонско потекло, денес беше поразен од Ислам Махачев уште во првата рунда.

Волкановски во првиот меч против Махачев издржа пет рунди и загуби со судиска одлука, додека овој пат беше нокаутиран во првата рунда.

„Тешко ми е, не сакам да губам и тоа ме боли. Но, Ислам е голем шампион и ако не се подготвите правилно, гледате што може да се случи. Тој е добар и честитки до него“, изјави Волкановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стојановска го испиша првото македонско поглавје на велокрос-ЕП

Далија Стојановска заврши на 46. место во јуниорската трка во Зедам, со што Македонија прв…