Аргентина синоќа беше поразена од Хрватска, а тоа тешко им падна на навивачите.
Аргентинците пред крајот на натрпеварот брутално ги нападнаа хрватските навивачи и дојде до жесток конфликт. Руските медиуми јавуваат дека поголем конфликт спречило обезбедувањето на стадионот, но на видеото тоа и не може да се види.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инцидентот се случил во моментите кога поголем дел од навивачите веќе ја слевеа сигурната победа, па неколку навивачи беа лесен плен за лутите Аргентинци.
Навивачот кој ја плати сметката не можеше да ги препознае напаѓачите, а треба да се напомене и дека не доби помош од сонародниците кои очигледно беа премногу зафатени со прославата на победата. Ова е нешто што никој не сака да го види на фудбалските трибини…