Бразилскиот фудбалер не настапи за ПСЖ на последните два натпревари, а медиумите во меѓувреме пишуваат дека во неговата вила постојано се случувале забави кои им пречеле на соседите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега се пишува дека соседите го пријавиле Нејмар во полиција по натпреварот против Монпелје, тогаш Нејмар одлучил да направи голема забава во својата вила.
Соседите биле вознемирени и повикале полиција, а Бразилецот добил казна во износ од 135 евра што ако се знаат неговите примања е вистинска ситница.
Градоначалникот и остантите жители се решени да одат подалеку и да поднесат тужби ако Нејмар продолжи со забавите.