Екипата на Гостивар со 5:1 го совлада Караорман во денешните натпревари од Втората лига и се врати на врвот каде што беше Вардар со вчерашниот триумф против Кожув (2:0).
Двоен стрелец за Гостиварци беше Филип Петковски, а погодуваа уште Ѓорѓи Танушев од пенал, Стојанчо Велинов и Муарем Муарем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствениот гол за Караорман го постигна Алтин Лога со удар од белата точка кога израмни на 1:1. Сепак до крајот доминираа домаќините и дојдоа до важните бодови. На второлигашката табела Гостивар сега има бод повеќе од Вардар.
ВМФЛ РЕЗУЛАТИ:
ГОСТИВАР – КАРАОРМАН 5-1
ВОСКА – БОРЕЦ 6-0
КАМЕНИЦА САСА – ПЕЛИСТЕР 1-2
БЕЛАСИЦА – ОХРИД 1-1
БЕСА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 2-0
СЛОГА ВИНИЦА – ДЕТОНИТ ЈУНИОР 1-2
ТЕТЕКС – АРЕСИМИ 0-2