Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Победи на Беса и Скопје

ВМФЛ: Победи на Беса и Скопје

Во денешните натпревари од Втората македонска лига, Беса го победи Тетекс со 4:0 на стадионот во Кичево додека на „Железарница“ Скопје со 1:0 го совлада Осогово.

Тетекс против Беса се држеше половина час, тогаш Фитон Адеми го отвори резултатот, набрзо во листата на стрелци се запиша и Арменд Алими за 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никако не успеваше Тетекс посериозно да се закани, па така стануваше јасно дека Беса ќе ги освои бодовите од оваа средба. Пред крајот на полувремето Емини зголеми на убедливи 3:0, додека конечните 4:0 ги постави Зани Назифи во завршницата.

Во битката за опстанок Скопје освои важни бодови против Осогово. Голот на одлука го постигна Стојан Попоивски.

На табелата Беса е лидер со 34 бода, пет повеќе од Детони и седум од Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…