Гостивар лесно се справи со Кожув во Гевгелија и со победата од 3:0 дојде на втората позиција зад Вардар кој денес славеше во дербито со Воска.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Својата трета победа во низа Гостивар ја обезбеди после првото полувреме во кое водеше со 0:3. Стојчевски и Каланоски погодуваа за водство во првите 45. минута. Лазар Пеев во вториот дел ги постави конечните 0:3.




Пелистер обезбеди минимален триумф против Беласица. Никола Наумоски пред крајот на првиот дел го постигна единствениот гол на натпреварот.




Важни победи забележија Детонит Плачковски и Охрид. Детонит славеше со 3:2 со гол во 92. минута, треба да се знае дека имаа негатива од 1:2. Охрид дома ја победи Каменица Саса со 1:0.




Борец продолжува да тоне откако денес против Караорман го забележија десетиот пораз во низа. Арсими по промената на тренерот ја победи Беса со 2:0. Во последниот натпревар утре Тетекс ќе игра против Слога Виница.
Фото: ФК Гостивар