Сезоната во Серија А заврши, Јувентус се пласираше во Лигата на шампионите и го освои Купот на Италија, а во наредната сезона ќе има нов тренер бидејќи Масимилијано Алегри веќе доби отказ. Очекувањата се Тијаго Мота да ја преземе клупата на „старата дама“.
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ на идивидуален план има солидна сезона во која постигна 18 гола и подели три асистенции. Влаховиќ беше избран и за најдобар напаѓач во сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се шпекулираше дека би можел да замине од Торино, но според неговата последна порака на социјалните мрежи тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Јувентус.
„Со срце полно со емоции, сакам да им се заблагодарам на сите за сезоната која штотуку заврши.
Му благодарам на клубот што ми даде можност да го носам овој дрес и со голема гордост да излезам на теренот.
До нашите неверојатни навивачи, вие бевте наш дванаесетти играч на теренот, секогаш не поддржувавте, и во тешки и во среќни моменти.
Посебна благодарност до моите соиграчи. Заедно се боревме, страдавме и славевме, достигнувајќи ги овие цели. Кревањето на трофејот во Купот на Италија беше магичен момент кој секогаш ќе го носам во моето срце. Следната сезона ја имаме Лигата на шампионите и едвај чекам да дадам свој придонес.
Ние сме тим, семејство и заедно сакаме да покажеме што значи да се биде Јувентус“, стои во поракатан на Влаховиќ.
Затоа, јасно е дека Влаховиќ сака да остане во редовите на „старата дама“, неговиот договор е со важност до 2026 година.