Дома Трансфер зона Влаховиќ го избра новиот клуб, познати и деталите

Влаховиќ го избра новиот клуб, познати и деталите

Иднината на Душан Влаховиќ е главна тема на Апенините откако напаѓачот потврди дека нема да го продолжи договорот со Фиорентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Влаховиќ се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа, па за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Последните информации од Апенините тврдат дека Влаховиќ го избрал следниот клуб и сака кариерата да ја продолжи во Јувентус.

„Старата дама“ веќе подолго време работи на неговиот трансфер и спрема понуда да го донесе следното лето во Торино.

Наводно двете страни веќе договориле петгодишна соработка за вкупно 40 милиони евра, односно осум по сезона. 

Фиорентина и Јувентус наскоро ќе започнат преговори, а се очекува трансферот да изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…