Дома Останати Кошарка Владо Илиевски потврди: Иницијативата е поднесена! (Фото)

Владо Илиевски потврди: Иницијативата е поднесена! (Фото)

ilievski

Човекот кој донесе многу за македонската кошарка и кој најмногу ќе се памети по историската тројка против Литванија на Европското првенство, Владо Илиевски и официјално ја потврди иницијативата за одржување на вондредна седница.

Да потсетиме, на минатото собрание кое беше одржано во последните денови од минатата година Наумоски успеа да се задржи на функцијата со тврдењето дека нема законски доказ дека МКФ може да функционира без претседател.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тие моменти тој побара од противкандидатите да соберат потписи и да ги достават до федерацијата.

Илиевски денес токму тоа и го направи. Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија од пред канцелариите на МКФ под која потврди дека потребните потписи се собрани и дека иницијативата е поднесена.

Според правилата Наумоски сега е должен најмногу за 15 дена да повика вонреден состанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…