Дома Фудбал Останато Витсел открива: Бил на чекор од Јувентус ги поминал и леркарските прегледи

Витсел открива: Бил на чекор од Јувентус ги поминал и леркарските прегледи

Белгискиот фудбалер и член на Борусија Дортмунд Аксел Витсел во разговор за „Гоал“ откри дека своевремено можел да направи трансфер во Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

Витсел денес има 30 години и полека влегува во залезот на својата кариера. Во времето кога ја напушташе Бенфика во 2012 година можеше да бира каде да ја продолжи кариерата, но тој се одлучи за Зенит и тоа не се покажа како добар потег. Таму ги помина годините кога требаше да игра на највисоко ниво, а потоа замина во Кина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Брзо се врати во Европа и го облече дресот на Борусија Дортмунд, сега кога е на залезот на кариерата откри каде можел да премине.

„Можев да направам трансфер во Реал Мадрид додека тренер беше Мурињо. Но, во тој момент Реал го доведе Лука Модриќ и сметав дека нема потреба и јас да дојдам. Неколку дена пред крајот на трансфер периодот Зенит ме повик. Имав добар разговор со луѓето во клубот и дојде до договор“, изјави Витсел.

Кога бил слободен играч бил блиску до преминување во Јувентус.

„Мојот договор со Зенит истекуваше и сакав да направам трансфер во Јувентус. Дури и ги поминав лекарските прегледи и требаше само да потпишам договор. Цел ден чекав во канцеларијата, а потоа ме повикаа од Зенит и ми кажаа да се вратам. Така требало да биде“, откри Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…