БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА во Зеница се сретна со Португалија во квалификациите за Европското првенство што следната година ќе се игра во Германија и претрпе тежок пораз од 5:0.
Се беше готово по првите 45 минути бидејќи Португалија ги постигна сите свои голови во првото полувреме.
При крајот на првиот дел дојде до инцидент со Роналдо. Еден навивач упадна на теренот и го тргна кон Португалецот. Обезбедувањето брзо реагираше и го извади од теренот, а Роналдо малку поткривнуваше по налетот на навивачот, за кој не е јасно дали само го турнал Роналдо или го удрил.
Во секој случај, Роналдо без проблеми го продолжи натпреварот. Видеото погледнете го ТУКА.