Дома Фудбал Останато Вистината за заминувањето на Вудворд од Јунајтед е поинаква од она што се мислеше

Вистината за заминувањето на Вудворд од Јунајтед е поинаква од она што се мислеше

Eд Вудворд во вторникот си поднесе оставка од функцијата извршен потпретседател на Манчестер Јунајтед.

Оставката на Вудворд дојде во истиот момент кога се распаѓаше Суперлигата во која Манчестер Јунајтед требаше да биде учесник. Токму затоа во прв момент изгледаше дека Вудворд поради распадот на идејата на Перез си заминал, меѓутоа изгледа не било така.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спорт“ денес тврди дека ја откриле причината за заминувањето на Вудворд од клубот.

Имено, тие тврдат дека Вудворд бил против Суперлигата и дека не се сложувал со плановите на сопствениците на Манчестер Јунајтед.

„Горд сум што служев на Јунајтед и беше чест да се работи за еден од најголемите клубови во светот во изминатите 16 години. Клубот е добро позициониран за во иднина и ќе ми биде тешко да заминам на крајот од годината“, изјави Вудворд во вторникот.

Инаку, денес пред тренинг кампот на Манчестер Јунајтед навивачите протестираа и бараа семејството Глејзер да го продаде клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…