Дома Фудбал Англија Вистината за Гвардиола низ призмата на Ибрахимовиќ: Вистинските мажи ги решаваат своите проблеми

Вистината за Гвардиола низ призмата на Ибрахимовиќ: Вистинските мажи ги решаваат своите проблеми

Златан Ибрахимовиќ ја користи секоја прилика да го „компромитира“ Пеп Гвардиола, а сега тоа го направи по меѓусебната средба во дербито во Манчестер и судирот со „Граѓаните“ по мечот.

Познато е дека Швеѓанецот не може да го поднесе Гвардиола, а се започна кога соработуваа во Барселона, каде Каталонецот без објаснување само го изостави Златан од тимот и потоа го продаде во Милан.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ибрахимовиќ денес во разговор за Скај Италија потсети на својата војна со Гвардиола.

„Му кажав на Гвардиола да ги жртвува сите останати играчи поради Меси и одговори дека ме разбира. Потоа, следниот меч го минав на клупата, и тој следниот, и потоа се до крајот. Помислив дека човекот баш умее да ги реши своите проблеми. Потоа, повеќе не ме погледна во очи. Кога влегував во соблекувалната, тој излегуваше, и така беше било каде кога и да се сретневме. Тогаш сфатив дека во прашање се работи кои немаат врска со фудбалот“, истакна Ибра и продолжи:

„Меѓутоа, проблемот беше само тој, бидејќи беше тој кој не умееше да ги реши работите со мене. Се сеќавам дека на првиот тренинг на Барселона истакна дека играчите на тимот на тренинг не доаѓаат во Ферари или Порше. Тој уште тогаш почна да ми суди, но како можете некому да му судите ако не го познавате? Јас имав искуство со него, а не знам какво имаа останатите. Подоцна читав дека слично минале Манџукиќ и Ето. Тој е најлошиот тренер со кого сум соработувал, но секако е најнезрел бидејќи вистинските мажи ги решаваат своите проблеми“, истакна Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…