Бразилскиот репрезентативец Вилијан е едно од „најжешките“ имиња на транасфер пазарот и се поврзува со трансфер во неколку европски гиганти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за него и испратија неколку понуди, но Челзи не ги прифати.
Конечно, Бразилецот даде до знаење дека нема намера да го напушти Лондон, бидејќи се чувствува среќен во англиската престолнина.
„Јас сум многу среќен во Челзи и исто така одлично ми е во Лондон“, изјави Вилијан.
Вилијан немаше најдобар период кај „сините“ под водство на Антонио Конте и шпекулациите околу неговата иднина се засилија сериозно во последниве недели. Сепак, со промената на тренерот Вилијан ќе остане на „Стенфорд Бриџ“.