Дома Останати Тенис Вилијамс по триумфот на Вимблдон со солзи во очите: Не знам што носи утрешниот ден..

Вилијамс по триумфот на Вимблдон со солзи во очите: Не знам што носи утрешниот ден..

Американката, Венус Веилијамс издвои пласман во второто коло на лондонски Вимблдон, а на конференцијата за медиумите се расплака по прашањето врзано за несреќата во која учествуваше на Флорида, кога животот го загуби едно лице.
Полицијата ја обвини 37-годишната тенисерка дека предизвкала сообраќајна несреча на 9. јуни годинава, а семејството на починатиот би можело да ја тужи.
Вилијамс денес триумфираше над Елис Метенс со 7:6 и 6:4 на стартот на третиот гренд слем во сезоната, но се чини за новинарите на пресот интерес побуди несреќата која неодамна се случи.
„Немам зборови за да опишам колку е тоа поразително. Немам…“, истакна Вилијамс а потоа заплака и ја напушти прес салата, пренесуваат британските медиуми.
Вилијамс подоцна се вратила во прес салата и одговорила на неколку прашања.
„Тенисот и натаму е љубовта на мојот живот. Ми дава многу радост. Живот, не можете на се да се подготвите. Се подготвував за многу дуелу, се обидував на спремам се што можам да го очекувам од противниците, но сепак се чини не може се да се предвиди. Не знам што носи утрешниот ден. Тоа го научив“, истакна Вилијамс.
Венус во второто коло ќе се сретне со Чјан Ванг од Кина. За Вилијамс ова е 20. настап на Вимблдон, а пет пати е носителка на трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хит момент: Реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ по петти пат беше прогласен за најдобар во светот 🎥

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во Мадрид ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спо…