Во полуфиналето од Лигата на шампионите силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Ждребот ги спои овие два тима и сигурно дека не очекува интересен двомеч. По извлекувањето на паровите на интернет се појави твит на Серхио Рамос, стар околу десет месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рамос тогаш преку својот профил испратил порака до Хамес Родригез и некако ја „предвидел“ нивната средба.
„Панита, ти посакувам се најдобро, освен кога ќе се сретнеме во Лигата на шампионите, секако. Среќно, Хамес“, напиша тогаш Рамос.
Судбината десет месеци подоцна навистина ги спои Реал и Баерн во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.
Panita, te deseo das Beste en tu nueva etapa… salvo cuando nos crucemos en #ChampionsLeague, claro. ? ¡Suerte, @jamesdrodriguez!
— Sergio Ramos (@SergioRamos) July 11, 2017