Српскиот дефанзивец, Немања Видиќ остави длабока трага на „Олд Трафорд“, а сега откри и детали од соблекувалната.
Имено, стоперот на „црвените ѓаволи“ откри дека со соиграчите во Јунајтед испиле многу алкоxoл, но пиеле само кога освојувале трофеи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Видиќ во Манчестер Јунајтед играше од 2006 до 2014 година и со овој клуб освои 15 трофеи, пет од нив беа во Премиер лигата.
„Сите заедно пиевме само кога освојуваме трофеи. Ако размислите и видите што сме постигнале ќе знаете дека сме испиле многу“, изјави Видиќ.
Покрај споментатите пет трофеи во Премиер лигата, Видиќ има и три во Лига Купот, пет во ФА Купот, една во Лигата на шампионите и една од Светското клупско првенство.