Со почеток во 18:30 часот во англиската Премиер лига беше одиграно дербито на колото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Сити продолжува да „гази“ во Премиер лигата, денешна жртва беше тимот на Тотенхем кој беше поразен со 3:0.
До водство „граѓаните“ стигнаа со погодокот на Илкај Гундоган во 14 минута од натпреварот. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.
Во вториот следуваа многу повеќе возбудувања. Кевин Де Брујн во 70 минута погоди за 2:0, а само пет минути подоцна Габриел Хесус не реализираше пенал, а од одбиената топка Рахим Стерлинг промаши голема прилика.
Сепак, Стерлинг успеа да се поправи и тоа на десет минути до крајот кога зголеми на 3:0, но тоа не беше се од него, во последната минута од натпреварот успеа и втор пат да погоди за 4:0. Конечните 1:4 и почесниот гол за Тотенхем ги постави Кристијан Ериксен во судиското продолжение.