Манчестер Јунајтед стигна до рутинска победа против Свонси во 32-то коло од Премиер лигата. Важни победи остварија Вест Хем и Њукасл.
„Црвените ѓаволи“ прашањето на победникот го решија многу рано, бидејќи уште во 20-та минута имаа предност од 2:0. Ромелу Лукаку после пет минути игра го отвори резултатот со својот 100-ти гол во Премиер лигата, а Санчез ги постави конечните 2:0.
Hear that? ?
It's the sound of the ball hitting the net for the 26th time this season, the 11th time in his last 15 games and for the 100th time in the @PremierLeague ? pic.twitter.com/vBQ4o468yk
— Manchester United (@ManUtd) March 31, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Њукасл со голот на Ајозе Перез во 80-та минута дојде до важен триумф против Хадерсфилд. Важна победа оствари и Вест Хем против Саутемптон (3:0) со головите на Арнаутовиќ и Жоао Марио.
ВБА претрпе уште еден пораз, овој пат од Барнли со 1-2, со истиот резултат Ватфорд го совлада Борнмут. Лестер оствари гостинска победа против Брајтон.