Дома Фудбал Видео: Јунајтед загуби од Хал, но ќе оди на Вембли

Видео: Јунајтед загуби од Хал, но ќе оди на Вембли

Манчестер Јунајтед загуби во Хал со 2:1, но ќе игра во финалето во Лига купот, благодарение на триумфот 2:0 во првиот меч пред своите навивачи.

Манчестер Јунајтед против тимот кој се бори за опстанок во Премиерлигата не блескаше, но успеа да ја оствари целта и да се пласира во финалето.

Хал го отвори резултатот во 35-та минута кога Хадлстон постигна гол од пенал. Израмнување на резултатот донесе Погба во 66-та минута, а конечниот резултат го постави Нијасе на пет минути до крајот на мечот.

За Хал на овој меч дебитираа стрелецот Нијасе кој дојде од Евертон и Марковиќ кој пред три дена пристигна од Спортинг Лисабон.

Манчестер Јунајтед во финалето ќе игра против Саутемптон на 26.февруари на Вембли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …